Suzuki претстави автомобил без волан и возачко седиште

ОБЈАВЕНО НА:

За време на саемот за автомобили во Токио, автомобилскиот концерн, Suzuki го претстави автомобилот на иднината, Suzuki Hanare.

Се работи за концепциски автомобил, кој уште е далеку од масовно производство, но им дозволува на посетителите да имаат претстава какви ќе бидат возилата, кога светот ќе помине кон автономно движење.

„Suzuki Hanare“

Зборот „ханаре“ во превод од јапонски значи „куќа“ или „живеалиште“. Автомобилот има размери соодветни на стар „Фолксваген комби“. Ова е симетричен модул без волан, возачко седиште и други вообичаени елементи за управување. Многу оригиналната врата е поставена само на едната страна и се отвора нагоре.

Во внатрешниот дел се мотнрирани огромен монитор и тросед. Со оглед на тоа што до масовното производство на овој автомобил можат да помина многу години, засега податоците за техничките карактеристики уште не се соопштуваат.

Автомобили дронови

Пистателите на научна фантастика за ова зборуваа уште во минатиот век. Големите автомобилски производители прогнозираа дека тие ќе се појават до 2020 година. Сепак, сето ова не е така лесно. Ако автомобилот дрон, сепак, може да се движи самостојно по патиштата, тогаш во услови на населени места, каде мора да ги следи движењата на пешаците, велосипедистите, патните знаци и дури и непредвидливото однесување на некои возачи, технологијата која е во прашање сè уште е далеку од совршенство.

На практика сите големи автомобилски брендови ги сменија своите прогнози поради проблемите со кои се соочуваат при тестирањето на автомобилите дронови. Сигналите од камерите и податоците при дожд, магла или снег често се погрешни и се читаат погрешно од страна на борд компјутерот.

Колку луѓето и да сонуваат за ова, сепак, тие ќе бидат однесени дома од страна на автомобилот дрон, после тежок напорен ден или уште потешка забава, а тоа време ќе дојде веројатно за неколку децении. Светските автомобилски производители на секој следен автомобилски саем ќе ги изненадуваат љубителите на автомобилите со концепциски беспилотни автомобили, подгревајќи го интересот кон нив.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK