Suzuki ќе ја освојува вселената

ОБЈАВЕНО НА:

Во натпреварот за создавање на нискобуџетно робско возило што ќе биде испратено на месечината се вклучи и Suzuki. Целта на веќе одамна распишаниот конкурс е на 31 декември 2017 година да слета вселенското летало на Месечината, од каде треба да се испратат слики и видеа од местото кон Земјата.

Учесниците во натпреварувањето мора да се придржуваат до одредени барања, од кои едно е вселенските бродови не само да се приземјат на Месечината, туку возилата да се движат минимум 500 метри по површината. Затоа создавањето на лесна конструкција е од особено значење во оваа трка.

Тимот од Јапонија, HAKUTO е еден од вкупно петте финалисти кои ќе се борат за главната награда од 20 милиони американски долари. Првиот приватно финансиран тим во земјата на изгрејсонцето, кој се посветил во истражувањето на Месечината, го избира Suzuki како свој партнер во развојот на овој уникатен вселенски брод.

Вселенскиот брод на HAKUTO е опремен со технологија за погон на четири тркала AllGrip која се докажа како сигурен за движење низ различни терени кај моделите од автомобилската спектар на јапонскиот производител – Vitra, SX4 S-CROSS, Jimny, Ignis и Swift.

За Suzuki учество во таков проект е уникатен предизвик што mu дава право на јапонскиот производител на автомобили да изјави дека сега „вселената е новата граница“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK