Јапонскиот Suzuki е најпрофитабилниот автомобилски бренд во второто тромесечие годинава, додека лидерот од првите три месеци, BMW заостанува.
Според анлизата на Ernst & Young, компанијата Suzuki работи на маргини на профит од 11,8 проценти. Накратко, на секои 100 евра од продажбата на автомобилите, Suzuku реализира 11,8 евра оперативен профит.
BMW останува при врвот, но сега е на 2. место со нешто послаб резултат од 11,4 проценти. Од лидерите најсериозно остапува Daimler. Производителот на Mercedes се „лизна“ од 3. до 6. место со 6,5 проценти оперативен профит.
Во исто време и списанието „Forbes“ ги објави годишните резултати за тоа кои се најскапите автомобилски брендови. Тука лидер е Toyota со процена на 44,7 милијарди долари, а следуваат Mercedes и BMW со процена на 34,4 и 31,4 милијарди долари.