Германското списание Auto Bild состави рангирање на СУВ возилата со најголема потрошувачка базирана на резулатите од сопствените тестови. Сите модели во рејтингот се подложени на тест по 155 километри пат, кој се состои од 61 км земјен пат, 40 км возење низ град и 54 км автопат.
Според публикацијата оваа методологија точно ја одразува реалната потрошувачка на гориво. На почетокот и крајот на патеката резервоарите на сите тестирани СУВ возила се полнети „до врв“, а точноста на мерењата е една десетина од литар.
Во рангирањето се вклучени СУВ возила и кросовери, тестирани од Auto Bild од 2010 година досега. Еве како изгледа листата со првите десет модели со најголема потрошувачка.
Porsche Cayenne Turbo S (2010 г., 4.8 л, 510 к.с.) – 14.2 л/100 км
Porsche Cayenne Turbo S (2018 г., 4.0 л, 550 к.с.) – 14.5 л/100 км
Mercedes ML 63 AMG 4Matic (2012 г., 5.5 л, 525 к.с.) – 14.5 л/100 км
BMW X5 M (2015 г., 4.4 л, 575 к.с.) – 15 л/100 км
Porsche Cayenne Turbo S (2015 г., 4.8 л, 570 к.с.) – 15.5 л/100 км
BMW X5 M (2010 г., 4.4 л, 555 к.с.) – 15.5 л/100 км
Jeep Grand Cherokee SRT8 (2014 г., 6.4 л, 468 к.с.) – 15.6 л/100 км
Mercedes GLS 500 4Matic (2016 г., 4.7 л, 455 к.с.) – 15.8 л/100 км
Bentley Bentayga W12 (2016 г., 6.0 л, 608 к.с.) – 15.9 л/100 км
Mercedes-AMG G 63 (2018 г., 4.0 л, 585 к.с.) – 17.4 л/100 км