СУВ со седум седишта ќе понуди Fiat во 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Сегментот што најмногу се продава и има најбзорастечки резултати е предизвик за сите производители кои настојуваат да имаат барем некој модел во тој сегмент, а некои и повеќе во понудата. Fiat следната година треба да понуди СУВ со седум седишта што ќе биде направен на платформата на пикапот Toro.

Новиот кросовер треба да биде замена за Fiat Freemont. Станува збор за нов голем кросовер, неговото правење е официјално потврдено и се вели дека автомобилот ќе биде претставена следниот месец за време на автосалонот во Сао Паоло, Бразил.

Кросоверот со седум седишта ќе одговара на платформата на пикап Fiat Toro, но меѓуоскиното растојание на новиот модел ќе биде пократко – 2,75 м. наспроти 2,99 м. кај пикап возилото. За разлика од Fiat Toro што се продаваше исклучиво на јужноамерикански пазар, новиот кросоверот е планиран во понудата и за Европа.

Според првите податоци, тој ќе има бензински мотори 1.8 литри (140 КС) и 2.4 литри (185 КС), како и 2.0 литарски со 170 КС турбодизел. За пазарот на Стариот континент, веројатно ќе бидат понудени и 1,4-литарски турбо.

Новиот голем кросовер на FIAT ќе има 6-брзински мануелен менувач или 9-брзински автоматски менувач. Ќе има можност з апогон само на предните тркала или на сите одеднаш.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK