СУВ на база на VW Polo доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Долго очекуваниот СУВ на база на Polo се очекува да се појави на пазарот до крајот на 2018 година. Тој треба да биде основниот модел во понудата на VW во СУВ сегментот, нешто слично како Renault Captur, Opel Mokka и Peugeot 2008.

Инспирација за ова СУВ на Polo ќе биде минатогодишниот T-Cross Breeze concept и новото возило ќе се произведува во истата фабрика во Шпанија од каде што ќе излегува и новото Polo.

Двете возила нема само да ја делат платформата, туку треба да имаат и доста сличности. Тоа се однесува на видот на мотори што треба да ги има и во СУВ и во Polo, што ќе вклучува и мал три цилиндричен бензински мотор, и дизелски мотор, исто како и некои четирицилиндрични мотори.

Она што најмногу ќе привлекува треба да биде новиот бензински-електричен хибрид што сега се развива во Volkswagen. Не се познати спецификациите на тој мотор, но се очекува да биде понудено како алтернатива за 1.6 литарскиот дизелски мотор.

Напомена: На фотографијата е T-Cross Breeze concept

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK