SUV експанзија на Alfa Romeo, Lancia, Fiat и Jeep

ОБЈАВЕНО НА:

FCA активно работи на SUV експанзијата која треба да започне следната година. Истата најмногу ќе биде поттикната по спојувањето на FCA и PSA односно отпочнувањето со работа на Stellantis.

Токму тоа ќе придонесе да технологијата развиена од страна на PSA биде искористена кај новите SUV модели на брендовите на FCA.

Така следната година покрај Tonale се очекува Alfa Romeo да претстави уште помал SUV модел. Истото се очекува да го направи и Jeep кој ќе понуди нов SUV димензионално помал од Renegade.

Изненадувачи, но италијанските медиуми пренесуваат дека и Lancia конечно ќе претстави нов модел со кој ќе ја збогати понудата која во моментов се сведува само на Ypsilon. Станува збор за SUV модел кој ќе го носи името Musa, назив кој се користеше кај малиот градски автомобил на Lancia кој се произведуваше до 2008 година.

Сите овие три модели ќе бидат со димензија околу 4,20 метри, а за малку поголем SUV ќе претстави и Fiat кој треба да го следи дизајнот на Tipo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK