Суперспортскиот Ford Mustang Mach 1 дебитира во Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот Ford Mustang Mach 1 ја прославува својата европска премиера, со својата максимална моќнсот од 460 коњски сили и бројни оптимизации, ветувајќи дека ќе стане најимпресивната понуда во целата историја на легендарниот модел.

Ограничената серија на Mustang Mach 1 станува достапна за европските корисници првпат нудејќи не само специјално модифициран мотор туку и специјално дизајнирани надворешни елементи и панели. Потоа уникатни за верзијата 19-инчни тркала, избор меѓу осум надворешни бои, дополнителни апликации за винил и контрастни елементи, специјално развиен аеродинамичен пакет, прилагодлива суспензија MagneRide® 2,  издувен систем Active Valve Performance и други.

Ford Mustang Mach 1 се напојува со специјално модифициран бензински мотор со пет литри, во форма на V со осум цилиндри, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 460 коњски сили или 7500/мин и максимален вртежен момент од 529 Нм при 4600/мин.

Ford Mustang Mach

Mustang Mach 1 се нуди во верзија со шестстепен механички менувач Tremec, а на рачката се открива класична бела топка, како и 10-степен автоматски менувач, кој е специјално калибриран на модификацијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK