Судот во Берлин ја сопре изградбата на фабриката на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Судот во Берлин издаде наредба за стопирање на изградбата на првата европска фабрика на Tesla во близина на германската престолнина.

Минатата година Илон Маск заедно со претставници на германската Влада свечено го поставија камен темелникот, но локалното население излезе веднаш на протест поради уништување на шумата.

Локалната организација за заштита на околината се жалеше на локалниот суд во Берлин, но истиот го одби барањето за по жалбата на повисоки инстаци истата да биде прифатена.

Инаку само за земјиштето американскиот гигант мораше да плати 41 милион евра, а истовремено, германскиот министер Алтмајер изјави дека оваа компанија би можело да добие државни субвенции за изградба на фабриката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK