Американскиот oддел од компанијата Subaru објави дека брендот успеал да запише нов рекорд во Гинис, откако за време на саемот организиран од Subaru Tecnica International Subiefest 2020 била формирана најдолгата колона (парада) со автомобили од брендот.
Новото рекордно постигнување е 1.751 автомобил Subaru, што е трипати повеќе во споредба со претходно запишаното во 2015 година во Книгата на Гинис. За време на поворката, автомобилите кои учествувале во парадата оформиле колона со должина од над 3 километри.
Од американскиот дел на Subaru велат дека актуелната Ковид 19 пандемија била причина за нестандарно одржување на годинешното издание на Subaru Tecnica International Subiefest.
Организаторите исто така спровеле и хуманитарна иницијатива со собирање на средства од билети од учесниците во поворката, а била собрана сума еднаква на 241.000 порции храна.
Од Subaru Америка ќе се вклучат со дополнителни средства за дополнување на бројката до 500.000 што ќе бидат дадени до организацијата Feeding America.