Студентите на Skoda направија тркачки теренец – тој од воздухот вади вода

ОБЈАВЕНО НА:

Почнувајќи од 2013 година Skoda им дава можност на студентите од Skoda Vocational Scholl да изработат прототип на возило што е еден вид дипломска работа. Последната креација на студентите е Skoda Afriq, рели верзија на моделот Kamiq со модифицирана каросерија и AWD погон позајмен од Octavia. Студентите работеа четири месеци и потрошија над 2.000 работни часови

Името Afriq е избрано како синоним за Северно африканскиот пазар каде Skoda е одговорна за активностите на VW Group.

Погонот на моделот е преземен од најновата генерација на Octavia, каде 2.0-литарски бензинец со 190 КС и 320 њутн метри го пренесува вртежниот момент на сите четири тркала преку седумстепен автоматски менувач. Afriq исто така доби целосно нова суспензија.

Покрај погонот, Afriq по изглед се разликува од стандардниот Kamiq, а најголемата промена лежи во отстранетите задни врати. Концептот доби и нови браници, гуми и тркала, како и дополнителни странични „крила“ и воздушни канали на покривот. Во внатрешноста можеме да најдеме траги од тркачката Fabia Rally2, како што се специјални седишта, контролна табла и безбедносен кафез, како и волан и безбедносни појаси.

Друга работа што е многу интересна и поврзана со концептот е генератор на вода за пиење. Тоа е дело на компанијата Watergen и работи со помош на вентилатор кој вшмукува воздух. Овој воздух поминува низ специјални филтри кои ги отстрануваат честичките и прашината, а потоа поминува низ разменувач на топлина кој го претвора во дестилирана вода. Водата потоа поминува низ повеќе филтри пред да оди во посебен резервоар. Заедно со оваа технологија, Afriq тежи точно 1350 килограми.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK