понеделник, 25 декември, 2025 година

Студенти создадоа автомобил од ѓубре!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Човештвото прави околу 2,1 милијарди тони отпад годишно, а ова е огромно количество на ѓубре кое е доволно да наполни 7.380 пати фудбалскиот стадион на ПСВ Ајндховен.

Ова го пресметале студенти од Ајндховен и решаваат да се справат со еден од најгорливите проблеми за човештвото, лансирајќи уникатен проект наречен Luca за создавање на автомобил чии делови се создадени од рециклиран отпад.

- Advertisement -

Младите луѓе не бараат економска корист или производство на автомобили од отпадоци. Целта на проектот е да го насочи вниманието на бизнисот кон човечките отпадоци кои практично се вредна суровина.

Спортскиот автомобил Luса e направен пред сèод лен и рециклирана пластика, а повеќето од тоа е собрано во океаните. Куќиштето, облогата, прозорците и ентериерот исто така се направени од рециклирана пластика и битови отпадоци.

За да се добие неопходната цврстинае неопходно не само да се извади пластиката од океанот, туку и да е структурира за да се создадат композитни материјали со неопходните параметри. Резултатот е во тоа што шасијата на Luса e cо тежина од само 400 килограми.

Исто така за да ги заменат отровните бои за автомобило, ентузијастите нудат да се користи филм во боја добиен од рециклиран плиетилен. За тапацир на седиштата, пак, се користи друг материјал за рециклирање, кој станува сличен на структурата на велур.

Како мотор учениците користат два електрични мотори, способни да го забрзаат „автомобилот од ѓубре“ до брзина од 90 км/ч. Автономниот опсег за управување е 220 километри. Luса e автомобил двосед и во багажникот дури има место за корисни товари.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја