Студенти направија биоразградлив автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Студенти од Универзитетот во Ајндховен, Холандија, направија мал автомобил од смола, шеќерна репка и лен од домашното производство и во нега ставиле електричен погон. Во автомобилот може да седат четири луѓе, и може да достигне брзина од 80 километри на час.

“Само тркала и систем на суспензија не се од биоразградливи материјали”, изјави Јаник Ван Ријет, член на технолошкиот тим “ТU/Ekomoutiv”, што го направи возило Lina.

Структурата на возилото има сличен сооднос и тежина како и материјал од стаклени влакна. Lina возилото е тешко само 310 килограми.

Прототипот се уште ги нема поминато тестови на судир, бидејќи материјалот од кој се направени не се витка, туку пука тврди лидерот на тимот Нуд ван Гевел.
Холандскиот тим планира тестирање на Lina подоцна во текот на оваа година, кога ќе го добијат одобрување на холандската администрација за возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK