Студени денови доаѓаат: Како да се одржува акумулаторот

ОБЈАВЕНО НА:

Колку е постудено, акумулаторот е се послаб. Затоа, мора да му се посвети поголемо внимание и да му се помогне да „преживее“ до пролетта

Лош акумулатор може во зима да ви зададе многу проблеми и маки. Пред да стигнат големите студови добро е да се направи проверка на акумулаторот, и подготвени да ги дочекате утрата во кои температурата се спушта и под нула, а стаклата на автомобилот се замрзнати.

Затоа, повремено треба да се провери дали електролитот во целост ја покрива плочката, во спротивно треба да се долее дестилирана вода. Ова понекогаш треба да се направи и на современите акумулатори за кои производителот тврди дека не е потребно одржување, освен ако не се работи за акумулатори со гел.

Проблем може да прават и нечисти клеми – треба да се симнат и исчистат со некој остар премет или со хартија за брусење (прво се симнува клемата од негативниот па потоа од позитивниот пол, а се враќа прво позитивниот па потоа негативниот). Потоа може клемите да се намачкаат со специјална маст, или да се испрскаат со спреј за нивна заштита. Приклучокот за маса исто така треба да биде исчистен, бидејќи ‘рѓата го попречува нормалниот проток на струја.

нечисти клеми – треба да се симнат и исчистат со некој остар премет или со хартија за брусење

Пред да „фатат“ големите студови, проверката на акумулаторот можете да ја направите и во овластените сервиси, каде ќе се испита напонот, струјата и состојбата со електриката.

Не треба да се дозволи целосно празнење на акумулаторот. Доколку е во лоша состојба, подобро е да се смени, пред истиот да ве стави во незгодна состојба и да ве издаде најмалку кога се надевате и кога автомобилот најмногу ви треба.

Во случај автомобилот подолго време да не се користи, акумулаторот треба да се полни на секои шест до десет недели.
Многумина прашуваат или препорачуваат акумулаторот да се заштити со стиропор, со крпи или некои други термоизолациски материјали?! Простата логика вели дека тоа не вреди, бидејќи после 12 часа температурата сепак ќе се изедначи со надворешната, односно со онаа надвор од термоизолационите материјали. Но, многумина возачи токму тоа го препорачуваат и го користат, тврдејќи дека сепак имаат позитивно искуство од таквата заштита.

И кога клучот е изваден од контакт-бравата, некои уреди и натаму работат и трошат струја, на пример, алармот е постојано вклучен, а понекогаш се вклучува и ненадејно. Мемориските функции на аудиосистемот, централниот компјутер, „вебасто“ греењето, седиштата, па дури и часовникот, трошат одредена количина струја.
Долгите светла, на пример, трошат многу повеќе струја, но тогаш и акумулаторот се полни, бидејќи моторот работи. Ако возилото е оставено подолго време без да се користи, им се препорачува на сопствениците да го повозат по три до најмногу осум недели пауза, да „свртат“ некои крукче за да може акумулаторот да се дополни, особено ако се работи за зимски период. Возењето треба да биде малку подолго, зашто ако е на пократка релација, може да донесе само дополнителна штета.

Доколку автомобилот е паркиран на пократко време, акумулаторот свежо наполнет а истиот сепак се испразни, проблем може да биде површинската струја на електричната инсталација.

Доколку не планирате да го возите автомобилот подолго време поради дефект, тогаш препорака е да се извади акумулаторот и да се складира некаде на суво. Напонот треба да се проверува на секои два-три месеци и да се дополни доколку е потребно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK