Струјата доаѓа: Porsche годинава продаде повеќе од 10.000 електрични Taycan возила

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси еден од десет продадени нови возила на Porsche е целосно електричен модел и тоа на глобално ниво. Германската фирма потврди дека нејзината светска продажба на автомобили се подобрува, а вкупните резултати по девет месеци се 191.543 – само 5% помалку од пред една година.

Продажбата на целосно електричниот модел Taycan во тој период изнесуваше 10.944, што е 5,7% од вкупниот волумен.

Според податоците, во третиот квартал, Porsche го зголеми производството и продажбата на Taycan за 6.464 примероци (8,7% од вкупниот број), што е повеќе од двапати повеќе отколку во Q2 и повеќе од четири пати од продажбата во Q1.

Продажба на Porsche на светско ниво од јануари до септември 2020

Одлично е да се види дека уделот на BEV (целосно електрични возила на батерија) е толку близу до 10%, дури и пред да се појават првите деривати на Taycan на пазарот.

Претпоставувајќи според темпото во третиот квартал, годишната стапка на производство веќе надминува 25.000.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK