Најдобриот пласман за Давидовски во неговата тркачка кариера во TCR Europe и за тимот на PSS Racing
По завршувањето на TCR Europe трката на Монца стјуардите донесоа одлука што беше во корист на нашиот Виктор Давидовски. Тој заврши на 10 место, но откако Сами Тауфик беше казнет со вкупно 60 секунди падна од 6 на 16 место место. Тоа му овозможи на Давидовски наместо 11 на трката да освои 13 бодови.
Возачот од Мароко, Сами Тауфик по трката беше казнет со 30 секунди заради „џамп старт“, а потоа доби уште 30 секунди заради инцидент со друг возач.
Давидовски успеа и да се искачи на победничкиот пиедестал. Со успехот на денешната трка на македонскиот возач му беше доделен „Yokohama“ трофејот, за првото место за PSS Racing Team во новата категорија на мали тимови кои не се директно поддржани од производителите на автомобилoт со кои се натпреваруваат.
Првите 3 возачи во оваа категорија на крајот на сезоната ќе бидат наградени со нови гуми за престојната 2021 ТЦР сезона.
Досега најдобриот пласман на Давидовски во TCR Europe беше 13 место, исто така на трка во Монца, но во 2019 година.
Утре од 13 часот се вози втората трка а Давидовски ќе стартува од деветата позиција, односно од петтиот ред.
[totalpoll id=”43475″]