Стигна новиот Toyota Hilux – поспособен и постилски

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку дена, Toyota сподели информација дека новата верзија на пикапот Hilux беше многу испофалена од Фернандо Алонсо за време на неговите подготовки за релито Дакар. Сега компанијата ни ја покажува визијата за автомобилот и ги објавува деталите за главните промени што го разликуваат од неговиот претходник.

Главните иновации во Toyota Hilux се поврзани со подобрување на удобноста во внатрешноста, сериозни промени во дизајнот во неговиот преден дел, лансирање на новата топ верзија Invincible со дополнителни опции за персонализација и пуштање во употреба на нов 2.8-литарски дизелски мотор.

Исто така сериозни промени има во внатрешноста на Hilux, каде во зависност од модификацијата, има нов 8-инчен, централно поставен екран на мултимедијалниот и инфо-комуникацискиот систем, старт/стоп копче, нов JBL Premium Sound System аудио систем со 9 звучници и други.

Новиот мотор на Toyota Hilux е 2,8-литарски со максимална моќност од 204 коњски сили и максимален вртежен момент од 500 Nm. Со негова помош пикапот е во состојба да забрза од 0 до 100 км на час за 10 секунди, што е за скоро 3 секунди подобро од претходната 2.4-литарска верзија на моделот. Просечната потрошувачка на гориво е 7,8 литри на 100 километри на 204 грама емисија на CO2 на километар.

Новиот погон ќе биде достапен во купе верзиите Extra Cab и Double Cab кои можат да се комбинираат со 6-степен мануелен и 6-степен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK