Стигна добра вест: Бензинот поевтинува – дизелот со иста цена

ОБЈАВЕНО НА:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се намалуваaт малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,08 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава за 61,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,478 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK