Stelvio Quadrifoglio со три брзински рекорди

ОБЈАВЕНО НА:

Во септември 2017 година Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio постигна најбрзо време на легендарната патека во Нирбургринг. Веќе следната година се пофали со неколку рекорди на патеките во Италија, а сега објавува дека постигна три брзински рекорди на патеките во Велика Британија.

Силверстоун, Брендс Хеч Инди и Донингтон Парк беа патеките каде овој модел на Alfa Romeo постави рекорд.

Предводен од професионалниот возач Дејвид Брајз,на патеката Бренд Хеч Инди, успеа да извози еден круг за време од 55.9 секунди. На популарната Силверстоун, кругот од 5.9 километри го помин за 2 минути и 31 секунда, на Донингтон Парк ново-поставениот рекорд изнесува 1 минута и 21 секунда.

Со ова италијанскиот производител може да се пофали дека го има првиот SUV кој поставил рекорд на сите три патеки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK