петок, 25 август, 2025 година

Stellantis повлекува стотици илјади возила поради дефект на разводниот ланец

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Групацијата Stellantis започна повлекување на стотици илјади возила од брендовите Peugeot, Citroën, Fiat, Opel и DS, опремени со дизел моторот 1.5 BlueHDi, пренесува агенцијата AFP. Повлекувањето се однесува на различни модели произведени во периодот од 2017 до 2023 година, поради проблеми со разводниот ланец.

Овој мотор се вградува во бројни популарни модели, вклучувајќи ги Citroën C3 и C4, Opel Corsa и Mokka, како и Peugeot 208, 2008 и 308. Проблемот, како што наведува AFP, е поврзан со разводниот ланец кој ја синхронизира работата на усисните и издувните вентили, а кај овие возила е забележано прерано абење на истиот.

- Advertisement -

Производителот PSA Peugeot Citroën ќе ги контактира сопствениците на засегнатите возила, а во Франција ќе бидат повлечени околу 636.000 автомобили. Се очекува оваа бројка да биде уште поголема во другите европски земји.

Сервисерите ќе користат специјална апликација за анализа на состојбата со цел да утврдат дали е неопходна замена на делови, во случај да се открие прерана истрошеност.

Како дел од одговорот на проблемот, Stellantis ја продолжи гаранцијата на засегнатите возила на 10 години или 240.000 километри. Исто така, сопствениците кои се соочиле со проблеми со разводниот ланец ќе имаат можност да побараат надомест за поврзаните трошоци – но само доколку одржувањето и дијагностиката на возилото се извршувале согласно препораките на производителот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја