Stellantis ќе го продава Maserati?

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот бренд е во големи проблеми откако продажбата во првата половина на 2024 година падна за над 50 отсто.

Поседувањето на 14 брендови е тешка работа за Stellantis. Набргу по објавувањето на разочарувачките резултати за првата половина од годината, извршниот директор Карлос Таварес изјави дека непрофитабилните брендови ќе бидат затворени или продадени.

Покрај можноста да укине брендовите што не се профитабилни Stellantis би можел да се обиде да се осолбоди и од другите. Maserati е првиот кандидат да добие нов сопственик.

Ова не е само шпекулација, бидејќи има изјава од претставници на Stellantis да ја поткрепат ваквата можност. Финансиската директорка Натали Најт призна дека може да дојде време кога Maserati ќе биде понуден на пазарот.

„Можно е во одреден момент во иднина да бараме подобар дом за Maserati“, рече таа.

Изјавата доаѓа веднаш по слабите продажни резултати на Maserati во првата половина на 2024 година. До крајот на јуни, „проблематичната“ италијанска марка испорача 6.500 автомобили, што е пад од повеќе од 50 отсто во споредба со првата половина на 2023 година кога беа продадени 15.300 возила.

Компанијата имаше трновит пат во својата долга историја, менувајќи неколку сопствении од своето основање во 1914 година.

Покрај Citroen, de Tomas, Chrysler, Fiat и Ferrari, италијанскиот индустријалец Адолфо Орси, исто така, поседуваше акции или го контролираше Maserati во одреден момент. Компанијата во моментов е под корпоративниот чадор на Stellantis откако Fiat Chrysler Automobiles и PSA Group се споија во 2021 година.

Automotive News Europe известува дека иднината на Maserati изгледа мрачна во однос на лансирањето на новите модели.

Освен електричниот MC20 кој доаѓа следната година, малку е веројатно дека други нови модели ќе бидат претставени пред 2027 година. Суперавтомобил со ознака Folgore веројатно нема да помогне многу во продажбата, со оглед на тоа што ќе биде модел со висока цена што ретко кој ќе го купи.

Пронаоѓањето на нов дом за Maserati нема да биде лесна задача, со оглед на досегашното искуство на компанијата. Можеби Ferrari би можел повторно да влезе како спасител?

Компанијата од Маранело, која имаше целосна контрола над Maserati меѓу 1999 и 2005 година, работи подобро од кога било, па може да биде во позиција да му помогне на Maserati да застане на нозе.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK