петок, 26 март, 2026 година

Stellantis го паузира производство во Франција – фабриката во Поаси застанува 15 дена

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Мултинационалниот автомобилски гигант Stellantis ќе го прекине производството во својот погон во францускиот Поаси на 15 работни дена, почнувајќи од 13 октомври.

Од компанијата објаснуваат дека целта е да се прилагоди ритамот на производство на моменталната побарувачка и да се управува поефикасно со залихите до крајот на годината. Дополнително, периодот ќе биде искористен за довршување на тековни проекти и обука на вработените.

- Advertisement -

Фабриката во Поаси, во која работат околу 2.000 лица, е задолжена за производството на малите SUV модели DS3 и Opel Mokka.

Stellantis веќе се соочува со тешка година – во првата половина од 2025 компанијата пријави нето загуба од 2,3 милијарди евра, во споредба со 5,6 милијарди евра добивка во истиот период минатата година.

Приходите паднаа за 12,6%, на 74,3 милијарди евра. Главни фактори за негативниот резултат се:

  • 3,3 милијарди евра трошоци за гасење програми (вклучувајќи развој на водородни погони)

  • реструктурирање и отписи

  • американски царини од 300 милиони евра

  • неповолни курсеви и вишоци во производството

И покрај тоа, во споредба со претходните шест месеци, забележан е раст на нето приходите од 3,6%, што дава надеж за постепено стабилизирање на резултатите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја