Стефановски го истуркаа – а тој се врати и освои бодови во ТЦР Италија (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во последната трка од првенството на Италија во ТЦР, нашиот Игор Стефановски освои пет бодови, но покажа карактер бидејќи иако во моментите кога беше второпласиран беше истуркан од патеката, по што мораше да влезе во боксот. И покрај тоа, на крајот Стефановски ја заврши трката на 10 место и освои пет бодови.

Стефановски трката ја почна од второто место, веќе на стартот го престигна и лидерот Аскона, иако после неколку свиоци Шпанецот повторно беше првопласиран. Потоа тројката Аксона – Стефановски – Џелмини возеа еден зад друг. Џелмини беше првиот што мораше да се откаже бидејќи во еден свиок предоцна почна со сопирање па излета во песокот.

Тоа му овозможи на Џонатан Џакон да биде третопласиран и да влезе во борба со Стефановски и Аскона. Италијанскиот возач чекаше неколку круга и потоа во еден свиок му влезе на Стефановски од внатрешната страна го удру во страничниот дел и нашиот возач се изврте и излета.

Мораше да влезе во боксот, па откако беше констатирано дека нема големи оштетувања повторно се врати. Во тие моменти Стефановски беше 16, но полека ги престигнуваше конкурентите и на крај стигна до 10 место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK