Како дебитант сезонава во Twingo Cup натпреварувањето, Македонецот Стефан Тренески во својата шеста трка за првпат се искачи на победничкиот пиедестал. На втората трка на патеката Мост во Чешка члeнот на F4 CEZ ACADEMY стигна на третото место на целта во конкуренција на 20 возачи од пет земји.
Ова беше прв подиум за Тренески кој е син на Владимир Трeнески кој во првите три сезони од Twingo Cup исто така возеше, а тогаш Стефан беше негова придружба на трките. Во меѓувреме на Стефан му „влезе во крвта“ возењето и преку CEZ Academy доби можност да вози со најдобрите.
Сезонава Тренески се појави на пет трки од Twingo Cup. На стартот од сезоната на патеката Муџело во Италија Стефан Тренески го освои 10. место, а на вторта трка остана без пласман. Многу подобар беше веќе на следната трка во Словачка, каде на првата трка викендот Тренески беше четвртопласиран, а на втората беше петти. Викендов во Чешка, тој ја освои пол позицијата, а на крај беше четвртопласиран.
Од самиот почеток на втората трка на Мост, тој имаше водство, а зад него беше Марко Блажевски. Двајцата добро се држеа а Блажевски му „дишеше во врат“ држејќи ги Ник Стефачиќ и Ник Полјанец позади. По девет минути возење на стартно целната рамнина Стефанчиќ успеа да се протне крај Тренески и да му влезе од внатрешната страна возејќи до самиот ѕид. Потоа стигна и Ник Полјанец да го престигне.
Во меѓувреме Марко Блажевски на еден свиок беше удрен иистуркан од патеката, па од Топ-6 падна под 10 место. Имаше заостанување кое тешко можеше да го врати. На крајот на целта стигна како 13.
Третиот Македонец, Адо Хамзиќ имаше трка која ја приведе до крај, избегнувајќи инциденти иако излегувајќи од стартната рамнина доцна почна со сопирање па излезе од патеката, и мораше да ги минува заштитните гуми, и кога се врати назад исто така имаше големо заостанување. Најважно е дека вози континуирано, без инциденти користејќи го максимумот од возилото.


И на крајот Ник Полјанчиќ повторно победи исто како и на првата трка, во последните метри минувајќи го Ник Стефанчиќ.
Следната трка се вози на крајот на август, од 22 до 24 август на Словакија Ринг во Словачка.











