Сте слушнале ли за „Cокооn Dip Technology“?

ОБЈАВЕНО НА:

COKOON е името на целосно новата и револуционерна технологија за производство на гуми, а истата користи техника за лепење, која е еколошка и добро прифатена. До 2019 година, веќе 250.000 гуми за патнички автомобили се во процес на производство со користење на оваа уникатна технологија.

Continental – технолошка компанија и производител на првокласни гуми, како и Kordsa – глобален играч во технологиите за засилување на гуми и конструкции, како и во областа за композитни технологии, работат заедно на оваа нова еколошка технологија од 2017 година наваму.

Висококвалитетните гуми треба да ги исполнуваат многуте барања: ефективност, издржливост, безбедност и одржливост. Ете зошто е неопходно, текстилните компоненти да се врзуваат совршено и еколошки кон каучукот. Оваа нова технологија овозможува активно поврзување на материјалите за засилување на текстилот со каучукови смеси без да се користат резорцин и формалдехид при потопувањето на текстилот. Материјалите за засилување на текстилот се користат широко при производството на гуми и механички каучукови продукти како црева и подвижни ленти.

Еколошка технологија за лепење без резорцин и формалдехид

Пред COKOON, хемикалиите резорцин и формалдехид беа незаменливи за активно поврзување на матерлијалите при засилувањето на текстилот, користен во околната каучукува матрица. Замената на резорцин и формалдехид со поеколошки алтернативи води не само до поодржлив ланец на снабдување, туку е и предност за производилите на гуми за гуми.

Важно е да се напомене, дека вработените во фабриките за гуми и крајните корисници не се изложени на овие супстанции бидејќитие се хемиски модифицирани за време на процесот на вукланизација. Благодарение на COKOON Dip Technology поврзувањето на текстилни материјали кон каучукот веќе е можно без тие две состојки, со оглед на тоа што технологијата нема потреба од никакви промени во опремата за обработка.

Технологија на отворени иновации

После првото објавување на COKOON како технологија на отворени иновации во март во 2019 година таа привлече доста внимание во индустријата. Повеќе од 40 компании (производители на гуми, компании за рециклирање и доставувачи на текстилни материјали) изразија заинтересираност за тестирање на материјалот и размислуваат да се приклучат на групата за лиценци.

Околу 20 од нив веќе добиле примероци. Сега сите заинтересирани страни се поканети да се приклучат кон групата за лиценцирање и да добијат бесплатна лиценца за да допринесат за развој на оваа нова технологија за животна средина.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK