Сте слушнале ли за автомобили на две тркала?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите на две тркала изгледаат навистина неверојатно, а таквите возила постојат уште од почетокот на минатиот век.

Првиот автомобил на две тркала бил дело на конструкторот Петер Шиловски и бил претставен во далечната 1914 година. Возилото кое имало тежина од три тона се движело на две тркала, благодарение на гироскопски ефект, кој е произведен од 600-килограмскиот замаец.

После ова идејата за гирокар ја презема компанијата Ford, која успева да извади еден интересен концепт. Тоа се случува во 1961 година, но и покрај добрата конструкција проектот е отфрлен и тој брзо останува во историјата.

Во денешно време има една компанија со името Lit Motors која веќе има подготвен прототип, кој е наречен C1. Автомобилот на две тркала користи два гироскопа и сè уште има шанса за сериско производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK