Во 2019 година 344 сообраќајни незгоди биле причинети поради возење во алкохолизирана состојба во Македонија. Тоа е намалување во однос на 2018 година (361), но е на второ место во последниве десет години според статистиката објавена од МВР.
Најголемиот број на казни за возачите од направените контроли од сообраќајната полиција се поради пребрзо возење и алкохол во крвта. Ова второто е особено често за викендите или во време кога има празници. А возењето под дејство на алкохол е опасно не само заради вас, туку и по другите учесници во сообраќајот.
Во 2019 година 344 сообраќајни незгоди биле причинети поради возење во алкохолизирана состојба во Македонија. Тоа е намалување во однос на 2018 година (361), но е на второ место во последниве десет години според статистиката објавена од МВР.
Најмногу „фатени пијани возачи“ имало на територијата на СВР Скопје (58) и СВР Битола (57). Само на територијата на СРВ Скопје, СВР Битола и СВР Велес имало намалување во бројот на возачи што управувале под дејство на алкохол. Во другите СРВ има зголемување во 2019 во однос на 2018 година.
Алкохолот останува во телото долго време. Во Велика Британија, четвртина од возачите биле казнети за пијан возење во периодот од пет часот наутро до 11 часот наутро (и дозволено е 0,8 промили, повеќе отколку кај нас). По една ноќ пијанство со друштво, алкохолот се задржува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобил.
Затоа, бидете внимателни со конзумирање на алкохолот, а особено со проценка за тоа кога можете да возите. Како ќе влијае на вас алкохолот? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, тежината на потрошувачот, видот на алкохолот, од она што сте јаделе пред пиење, нивото на стрес на кој сте изложени на…
Британската агенција за безбедност на патиштата ја анализира консумацијата на алкохол и можноста за возење и издава препораки за тоа колку треба треба да почекате после пиење, или колку долго алкохолот останува во организмот. Обидете се да ги следите овие упатства.
Чаша вино (13,5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 3,5 часа
Два пијалоци – 7 часа
Три пијалоци – 10,5 часа
Четири пијалоци – 14 часа
Пет пијалоци – 17,5 часа
Чаша жесток пијалок (40 проценти алкохол)
Еден пијалок – 1,5 часа
Два пијалоци – 3 часа
Три пијалоци – 4,5 часа
Четири пијалоци – 6 часа
Пет пијалоци – 7,5 часа
Пиво (5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 2,5 часа
Два пијалаци – 5 часа
Три пијалоци – 7,5 часа
Четири пијалоци – 10 часа
Пет пијалоци – 12,5 часа