Стажантите во Skoda oд Skala направија Slavia

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda објави дека седмиот специјално развиен автомобил од практиканти на компанијата е откриената верзија на актуелната Skala, кој се нарекува Slavia и со нејзина помош компанијата одбележа 125 години од постоењето на фирмата позната во моментов како Skoda Auto.

Skoda Slavia ќе биде претставена официјално за три недели, а во развојот се вклучени повеќе од 30 студенти во тематската Skoda Academy, кои си поставија за цел создавање на Spider варијанта на Scala.

Scala е првиот автомобил на Skoda, кој е развиен на платформата MQB-A0 на VW Group, кој дава можност за интегрирање на системите што се типични за автомобилите од горниот сегмент, како и од поголема безбедност. Во премата на новиот модел можат да бидат откриени системот за следење на автопатот, адаптивната круз контрола, системот за предупредување при опаснсот од удар и друго.

Основните димензии на Skoda Scala се должина од 4.362 мм, ширина 1.793 мм и висина од 1.471 мм, со растојание меѓу оските од 2.649 мм. Патниците на задните седишта можат да сметаат на слободен простор за нозете од 73 мм (73 мм кај Octavia), 1.425 мм за рамениците (1.449 мм кај Octavia) и 982 мм за главите (980 кај Octavia). Товрниот дел на новиот модел е 467 литри, а откако ќе се преклопат потпирачите на задните седишта корисниот волумен ќе може да достигне до 1.410 литри.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK