сабота, 25 ноември, 2025 година

Статистика на МВР: Најголем пораст на сообраќајки со загинати има во Тетово и Куманово

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во 2018 година генерално гледано имало намалување на сообраќајните несреќи со потешки последици, со загинати лица и со повредени лица. Според најновата статистика на МВР во 2018 година во споредба со 2017 имало за 6,9 отсто помалку сообраќајки со потешки последици. Намалување има и кај сообраќајките со повредени лица ( -6,7 %) и кај сообраќајките со загинати лица (-13,6 %). Но, сепак има реони, односно градови каде дел од овој тренд бележи пораст.

- Advertisement -

Севкупно во 2018 година имало 3.740 сообраќајки со потешки последици, 118 сообраќајчи во кои имало загинати лица и 3.622 сообраќајки со повредени лица.

Сепак од анализата на МВР по градови може да се забележи дека во Тетово има за 66,7 отсто зголемемување на сообраќајните незгоди со загинати лица, а во Куманово тоа зголемување е 40 отсто, а во Охрид е 20 отсто. Во сите други градови има намалување. Кај делот на сообраќајни незгоди со потешки повреди единствено на територијата на Велес и на Штип има зголемување, а во однос на сообраќајките со повредени лица зголемување има само во Велес и Штип.

Како најчести фактори за сообраќајките се брзо возење (638), непочитување н апрвенство на минување (515), не држење на страна и правец на движење (390). И не секогаш возачите се виновни. Во 104 случаи виновни биле пешаците.

Ви посакуваме среќен пат и внимателно возење..

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја