Стартуваше новата ера – започна производството на електричниот Mercedes EQC

ОБЈАВЕНО НА:

Во германскиот град Бремен започна производството на првиот целосно електричен автомобил на Mercedes, моделот EQC. Тој е направен на специјално развиена платформа за електрични возила која ќе биде користена кај останатите идни модели на германскиот производител. Овој модел го придвижуваат два елетромотори со капацитет од 300 kW кои придонесуваат за развивање на максимални 408 КС.

Со едно полнење на литиумско-јонската батерија која е со капацитет од 80 kWh може да помине до 450 km, а 80% од капацитетот на батеријата може да се наполни за околу 40тина минути. Вкупната тежина на EQC заедно со батеријата изнесува 2.425 кг.

Во однос на димензиите, EQC е долг 4.761 мм, широк 1.884 мм додека висината изнесува 1.624 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.873 мм додека багажниот простор е со капацитет од 500 литри.

Од 0 до 100 км/ч овој прв електричен SUV на Mercedes забрзува за 5.1 секунда, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 18 км/ч.

Почетната цена во Германија изнесува 71.281 евра, а првата испорака се очекува во текот на јуни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK