Стартува производството на замената на Sharan – моделот Volkswagen Viloran

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen и официјално потврди дека овој месец стартува производството на моделот Viloran. Станува збор за MPV модел кој доаѓа во понудата на местото на Sharan, а кој премиерно беше претставен минатата година. Некако се подразбира дека ваквите модлеи потешко поминуваат во Европа, па затоа овој модел ќе биде во понудата во Кина.

Овој модел кој е со должина од 5.346 мм, широчина 1.976 мм и висина 1.781 мм, се базира на MQB платформата која ја користат неколку модели во понудата на Volkswagen Групацијата.

Купувачите немаат голем избор кога станува збор за моторот. Во понудата е достапен само со 2.0 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор со 220 КС и 350 Nm обртни моменти како и со седум степен автоматски менувач. Она што имаат можност е да изберат помеѓу верзија со пет и верзија со седум седишта.

Volkswagen Viloran

Овој модел е достапен само на купувачите во Кина каде почетната цена изнесува 350 илјади јуани односно нешто над 45.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK