Стартува производството на Honda Insight

ОБЈАВЕНО НА:

Долго најавуваната трета генерација на Honda Insight влезе во производство откако официјално беше означен стартот во фабриката во Гринзбург, Индијана (САД).

“Новиот Honda Insight го демонстрира нашето големо инвестирање во производството на електрифицирани автомобили во Америка, а нашите соработници во Индијана се горди на тоа што ја играат клучната улога во оваа иницијатива” изјави Исао Мацузаки, претседателот на фабриката на Honda во Индијата. Тој додаде и дека тие во целост се посветени на обезбедување на квалитет и сигурност на клиентите.

Третата генерација на Insight доаѓа со новиот Honda Sensing систем, со можноста за полна синхронизација на мобилните телефони со Apple CarPlay и Android Auto, структурирани седишта, третата генерација на иновацискиот хибриден двомотор со задвижувачки систем на Honda и батериски блок кој е интегриран под задните седишта.

Новата Honda Insight, која е изработена на платформа на десеттата генерација на Civic, и се нуди со три нивоа на опрема, а основната верзија ќе располага со целосно диодни фарови и задни светла, 16-цолови алуминиумски бандажи, надворешни стакла со греење, стартување на моторот со копче и други додатоци и додатна опрема што го прави Insight најрепрезентативниот автомобил кога е во прашање напредната опрема на овој јапонски производител.

Инаку Insight дебитираше на минатогодишниот саем во Детроит каде беше претставена прототип моделот, а продукцискиот модел беше премиерно претставен на саемот во Њујорк, исто така минатата година. Во понудата, Insight го зазема местото на хибридната изведба на Honda Civic.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK