Двајца мажи на возраст над 70 години загинаа, додека ги испробувале можностите на Dodge Challenger SRT Hellcat во Колорадо. Дедовците не успеале да го скротат возилото со 717 КС и излетале од пистата на аеродромот во Буена Виста.
Според полицијата, 71-годишниот Линд Фицџералд и неговиот пријател Роџер Лихтенбергер (76), добиле дозвола од аеродромските власти да се забавуваме со спортскиот автомобил, но го промашиле крајот на патеката и излетале во полето со огромна брзина. Автомобилот се превртел и се тркалал речиси 200 метри.
Спасителите пристигнале на местото на несреќата но само ја констатирале смртта на двајцата возрасни тркачи. Според истражувачкиот тим Фицџералд и Лихтенбергер возеле на јужниот крај на патеката со брзина над 160 км/ч.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]