Стануваат многу популарно, но овие автоматски менувачи треба да се избегнуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Автоматските менувачи полека, но сигурно го заземаат своето место на пазарот на автомобили. Статистиката на производителите покажува дека од година во година продажбата на автомобили со автоматски менувач станува се поголема.

Меѓутоа, експертите советуваат да при купување на ново или половно возило секогаш се избегнуваат следните три автоматски менувачи.

Прв на листата е автоматскиот менувач DP0/AL4 развиен од страна на Renault-Nissan Алијансата. Овој менувач најчесто се наоѓа кај моделите Dacia Logan и Dacia Sandero, но и кај Peugeot 308 и Citroen C4.

Друг автоматски менувач е оној со ознака DSG DQ200 развиен од Volkswagen кој пак може да се сретне кај неколку модели од различни брендови на Volkswagen Групацијата.

Најпроблематичен според експертите е JF011E автоматскиот менувач. Овој се наоѓа кај повеќе модели на Nissan меѓу кои и Juke, Qashqai и X-Trail.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK