SSC Tautara повторно ќе го руши светскиот брзински рекорд – за да им докаже на скептиците

ОБЈАВЕНО НА:

SSC Tautara постави нов светски рекорд на сериски автомобил возејќи со просечни 508,73 км/ч. и веднаш се појавија скептици кои тврдеа дека тоа не е можно. Разликите меѓу податоците за телеметријата и топографските обележувачи на автопатот 160 во близина на Лас Вегас, кои се запишани во снимката, предизвикаа најмногу сомнежи.

За да ги отстрани сите сомнежи во врска со интегритетот на SSC North America ќе организира повторување на рекордот, на кој ќе бидат поканети и најголемите скептици односно автомобилскиот блогер Shmee150, кој најмногу го оспорувал рекордот, како и други лица за да се уверат во постигнувањето. Настанот ќе се одржи наскоро, а деталите допрва треба да бидат објавени.

SSC Tuatara го сруши досегашниот брзински рекорд на делница од автопатот 160 во Невада со просечна брзина од 508,73 km/h – 61,67 km/h повеќе од Koenigsegg Agera RS.
Во исто време американскиот хиперавтомобил подобри уште три врвни достигнувања – за најголема брзина на јавен пат (532,93 km/h), најбрза милја на јавен пат (503,92 km/h) и најбрз километар на јавен пат (517,16 km/h).

Најбрзите десет автомобили во светот – четири можат и над 500 км/ч.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK