Среќа што заладува: Жештините ги оштетуваат овие делови на автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе сме на почетокот на есента, температурите се веќе паднати, иако сонцето се уште е над 20 степен целзиусов. Иако утрата и вечерите се ладни преку ден знае да биде и доста жешко. Возењето по високи температури може да биде причина за сериозни проблеим на вашиот автомобил.

Проблемите можат да бидат од различна природа односно да придонесат за проблеми на различен дел од автомобилот и тоа да биде причина за некаква несреќа. Добро е да знаете дека не секогаш возење на жештина е добро, иако вие сте во кабината и се ладите со клима уредот.

Кои се деловите кои најчесто страдаат при жештините можете да видите во продолжение.

  1. Сопирачки

Прегрејувањето на сопирачките може да биде причина за зголемување на далечината за запирање на автомобилот, а во најлош случај до комплетно престанување на нивното функционирање.

2.Гуми

Гумите на тркалата може да се деформираат на големи жештини, а опасноста е уште поголема ако гумата не е доволно напумпана. Возењето со недоволно напумпани гуми по голема жештини може да го зголеми ризикот за нивно пукање за 60 проценти.

Топлината може да доведе и до ширење на воздухот во внатрешноста на гумите и до зголемување на притисокот во гумите.

3.Масло

Кога возите по голема жештна, маслото кое циркулира низ моторот ќе биде разредено поради топлината. Тоа значи дека некои делови од моторот нема да ја добијат заштитата која им е потребна.

4.Гориво

Тоа испарува побрзо во врел автомобил отколку кога тој е ладен. Затоа е важно автомобилот да остане во ладовина кога е паркиран.

5.Акумулатор

Многу жешко време може да им наштети на хемиските процеси во внатрешноста на акумулаторот што значи дека ќе има проблеми со напонот и нема да може да создаде доволно струја. Проблемот станува уште полош кога е вклучена климата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK