И не е така евтино да се има на својата територијата Fiat. Toa најдобро го знаат нашите северни соседи чиј даночни обврзници минатата година на италијанскиот производител му подарија 2,7 милијарди српски динари. (1 евро = 120 динари)
Оваа помош што во континуитет Владата на Република Србија ја доделува на овој производител предизвикува низа полемики околу исплатливоста на фабриката на Fiat во Крагуевац.
Незадоволство кај дел од граѓаните на Србија предизвика и фактот што во минатата деловна година FCA Србија остварила добивка од 1,5 милијарди динари, а од државата добила 2,75 милијарди динари.
Практично, FCA Србија минатата година остварила профит благодарение на овие неповратни субвенции од страна на државата.