Спортскиот Peugeot 3008 ќе има 300 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Шефовите во Peugeot потврдија спортска хибридна верзија на кросоверот 3008, што треба да се појави во 2019 година и да има 300 КС.

„Жешкиот модел“ нема да ја има ознаката GTI, но ќе биде плаг-ин хибридна верзија со високи перформански. Треба да биде промовиран на пазарот во 2019 година и да има вкупна сила од околу 300 КС. Овој модел треба да биде еден од најмоќните на пазарот.

Неодамна французите ги потврдија плановите за PHEV верзијата на 3008, но директорот за производство Лорен Бланше потврди и нови детали за хибридната стратегија на брендот. Тој изјави дека хибридната технологија ќе биде достапна со нивниот 1.6 THP бензински мотор, и во комбинација на бензинскиот и електричен мотор ќе може да се почекува околу 300 КС.

Со најавените перформанси 3008 ќе биде најсилен меѓу ривалите, и според моќтта блиску до најавениот Seat Ateca Cupra. Peugeot 3008 ќе забрзува до 100 км/ч. за околу 6 секунди, и ќе има брзина над 220 км/ч.

Силата ќе се пренесува на сите тркала, но електричните мотори ќе бидат на задните тркала, така што има погон на четири тркала што е доста ефикасно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK