петок, 25 декември, 2025 година

Sportage e главниот играч на Киа во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Појавата на новата генерација Кia Sportage значеше сериозно влегување во СУВ сегментот. Овој модел е особено популарен во Македонија. Пред три години беше избран за Автомобил на годината во Македонија, а продажните бројки што ги прави само потврдија дека истиот е одлично поставен на нашиот пазар, и ценовно и според опремата што ја нуди.

Планот на Киа Моторс Македонија за годинава е продажба на околу 400 возила од брендот на Kia, што би било за 140 повеќе од ланскиот резултат. Моделот Sportage е во топ-2 модели според продажбата во својот сегмент во Македонија годинава.

- Advertisement -

Лани во понудата на КММ стигна моделот Ceed, кој откако ја понуди хечбек верзијата, набрзо стигна и караванската изведба. Сега во понудата на КММ е и моделот Proceed со што семејството е речиси комплетирано.

Во првите шест месеци од 2019 година во Македонија се продадени 197 возила од брендот на Kia. Од нив над 100 се возила Sportage, и тоа со над 85 отсто со бензински 1.6 литарски мотор.
Наскоро се очекува да пристигне и модел со mild hybrid со што ќе се зголеми понудата. Останува и можноста за финансирање со 4,5 отсто финансирање за програмата на Kia.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја