Компанијата Daihatsu го претстави моделот Miro Tocot, кој е изработен специјално за дамите. Тоа е варијанта на компактниот хечбек Miro, а е изработен од страна на дами за подобро разбирање на тоа што бара и треба да има во автомобилот за понежниот пол.
Надворешниот и внатрешниот дизајн е издржан во релаксиран и привлечен стил. Внатрешноста е исполнета со светли тонови, а се погрижиле да го направат максимално удобен и практичен со максимално возможно застаклување за многу возбудливо возење и поголема прегледност од шоферското место.
Должината на малиот хечбек со пет врати е едвај 3395 мм, ширината е 1475 мм, а височината 1530 мм (1540 мм во верзијата со полн погон, која е типична за Јапонија). Растојанието меѓу оските е 2455 мм.
https://youtu.be/e6XVxsKO3B8
Под капакот на Miro Tocot се наоѓа исто така типичниот за мотор за Јапонија, 0.66-литарскиот со моќност од 52 коњски сили и максимален вртежен момент од 61 Нм. Погонот е променлив, а средната потрошувачка на гориво во просек изнесува 3,5 литри на 100 км пат.
За жал овој многу симпатичен и удобен модел е создаден и се нуди исклучително само за автопазарот во Јапонија, а целта на компанијата е да продава околу 3000 примероци од Daihatsu Miro Tocot месечно.