Возењето во алкохолизирана состојба е една од најопасните за сообраќајот и безбедноста на нејзините учесници. Но, исто така и доколку сте уморни зад управувачот тогаш шансите да бидете лош учесници, се големи и се зголемуваат шансите да предизвикате несреќа.
Потребно е имате најмалку пет часа сон пред да седнете во автомобилот. Во спротивно вашите реакции се како кај пијан човек. Стручњаците со години предупредуваат дека ненаспан возач е опасен за безбедноста во сообраќајот, исто колку и алкохолизиран. Најновата студија поврзана со ова донесува и нови сознанија.
Невладината организација AAA Foundation for Traffic Safety која е посветена на безбедноста на сообраќајот во САД, го јавноста презентираше нови резултати од истражувањето како последица на немањето доволно сон кај возачите.
ААА ги испитувале податоците за сообраќајните несреќи што се случиле во периодот од 2005 до 2007 година. Биле опфатени 7.234 возачи што учествувале во 4.571 сообраќајка.
Резултатите покажале дека кај возачите кои спиеле 6-7 часа постои 1,3 пати поголем ризик да предизвикаат сообраќајка, од они ешто спиеле 7 и повеќе часа. Оние возачи кои спиеле меѓу 5-6 часа имаат 1,9 пати поголеми шанси да предизвикаат сообраќајка. Најголем проблем е со оние што спиеле меѓу 4 и 5 часа. Нај нив шансите за сообраќајка се 4,3 пати поголеми.
Ризикот драстично се зголемува ако возачот претходната ноќ не спиел барем 4 часа. Кај таквите возачи шансите за сообраќајка се 11,5 пати поголеми.