Специјална Fabia R5 од фабриката на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda успеа вторпат по ред да ја освои светската титула во шампионатот WRC 2, а во центарот на вниманието на германскиот рели шампионат беше моделот Fabia R5. Тоа е најуспешната сезона во 117 годишната историја на Skoda, a ова воедно беше и причина на пазарот да биде пуштено моделот Skoda Fabia R5.

Нема никаква грешка бидејќи и специјалниот модел исто така се нарекува Fabia R5. Моделот нема никаква врска со рели-болидот со 280 коњски сили. Сепак, цивилната верзија е најмоќната Fabia во портфолиото на Чесите. Има 1,4 литарски TSI мотор, а располага со 125 коњски сили. Поседува седумстепен автоматски менувач, а оваа комбинација овозможува динамични карактеристики. Fabia R5 забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,8 секунди, а максималната брзина е 203 км/ч.

Специјалниот модел е опремен и со 17-цолови бандажи во црна боја. Покрај тоа има и делумно црно поклопување на задниот капак и плочка „Edition R5“. На предните браници има лепенки „WRC 2 Champion“.

Во внатрешноста на малиот чешки автомобил има спортски седишта, мултифункционален спортски волан и инфо систем Amundsen со навигалција, Bluetooth и Skoda Connect. Fabia R5 чини околу 23.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK