Спачек од дрво! И тоа уште се вози на улица (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За приказната за дрвениот Citroen 2CV ja напишавме на крајот на август кога Мишел Робилар по шест години работа го создаде моделот. Интересно е што тој автомобил не само што е направен од дрво, туку истиот се вози по улица. Делува малку чидно и неверојатно, но сепак вистинито.

Последниот модел на Citroen 2CV слезе од производната лента пред 17 години, откако претходно четири децении беше дел од понудата на компанијата. Но, она што го направи еден пензиониран столар заслужува огромна пофалба. Мишел Робилар работел шест години и вложил многу труд да го направи 2CV (deux chevaux – т.е. “два коња”), но од дрво.

https://youtu.be/C5IjMYFfbac

Сакајќи да му оддадат почит за делото, Citroen овој примерок го стави на посебно место во својот онлајн Citroën Origins Museum.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK