Создаден првиот електричен мотоцикл со помош на 3D печатач

ОБЈАВЕНО НА:

Технологијата оди толку напред што некогаш незамисливите работи стануваат и повеќе од реалност. Една од последните технолошки иновации 3D печатењето придонесе за создавање на првиот електричен мотоцикл.

Имено, германската компанија NOWlab го претстави својот најнов производ – електричен мотоцикл. Овој мотоцикл именуван како NERA е речиси целосно создаден исклучиво со помош на технологија за адитивна производство попозната под името 3D печатење.

Оваа германска компанија веќе неколку години активно работи на полето на иновативните технологии, а последниот успешен проект значително ќе ја измени автомобилската индустрија.

Вкупната тежина на овој мотоцикл изнесува 60 килограми, а се состои од 15 3D печатени елементи склопени во една целина. Оваа германска компанија планира наскоро да излезе и со сериско производство на овој мотоцикл. Цената засега останува непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK