Совети за среќна, весела и безбедна Нова година

ОБЈАВЕНО НА:

Честита Нова 2019 година со препораки кои треба да им помогнат на возачите да имаат безбедна 2019 година на патиштата. Односно, нова година со помалку сообраќајни незгоди.

Според податоци од МВР главниот предизвикувач на сообраќајните несреќи во кои има жртви бил човечки фактор, односно управување на возилото со несоодветна брзина, возење во алкохолизирана состојба, недржење на страна и правец и непочитување на правилата за првенство на минување.

Лошите навики зад управувачот лесно се стекнуваат. Не е мал бројот на возачи кои разговараат на мобилен телефон додека возат, а некои одговараат и на СМС пораки, при тоа ја губат и навиката да ја проверат слепата точка кога се престројуваат на десно, или наједноставно нема го користат безбедносниот појас.

Ова се новогодишните препораки за безбедност на патиштата:

НЕ ЗБОРУВАЈТЕ НА МОБИЛЕН

Зборувањето или пишувањето на СМС пораки на мобилниот телефон додека возачот вози е многу распространета навика, но и голема опасност за учесниците во сообраќајот која предизвикува голем број на незгоди. Според некои истражувања само слушањето на соговорникот преку мобилниот телефон го намалува вниманието на возачот, односно активностите на мозокот кои се поврзани со возењето се намалуваат за 37 отсто. Не го користете мобилниот кога возите.

ВНИМАВАЈТЕ НА БРЗИНАТА НА ДВИЖЕЊЕ

Надминување на дозволената брзина не само што е опасна навика, туку може да биде и скапа. Кога се движите над дозволената брзина може да се случи да немате време да реагирате на некоја ненадејна опасност, но и може да платите казна за надминување на дозволената брзина на движење, која зивиси од прекорачувањето. На пример ако за 30 км на час ја надминете дозволената брзина на движење во населелно место казната е 300 евра.

ОДРЖУВАЈ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ

Кога брзаме може да ни се случи да не го одржуваме потребното растојание од возилото пред нас, што е особено опасно во зимските месеци кога поради мраз патиштата се лизгави и може да се случи да не може да закочите навреме.

ПРОВЕРЕТЕ ГИ ГУМИТЕ, МАСЛОТО И ВОДАТА

Стекнете навика да ги проверувате притисокот на гумите, маслото и нивото на вода кога на бензинска станица го полните возилото со гориво.

НЕМОЈТЕ ДА ПИЕТЕ И ДА ВОЗИТЕ

Особено опасна навика е да пиете алкохол и потоа да возите. Опасноста е голема како за возачот кој пиел, и за останатите учесници во сообраќајот кој внимаваат на правилата и ограничувањата. Многу подобар избор е ако пиете да користите такси или да вози пријател кој не пие.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И ПРЕТПАЗЛИВИ

За возачот е особено важно да може брзо да реагира во некои неочекувани ситуации во сообраќајот, затоа се препорачува да не возите ако сте многу уморни или некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ако забележите дека не може да внимавате на патот, застанете и одморете пред да го продолжите патувањето.

НАМАЛЕТЕ ЈА МУЗИКАТА

Гласната музика додека возите може да биде забавно, но и многу опасно зашто буката ја намалува способноста на возачот да реагира на некои неочекувани движења.

НОСЕТЕ ПОЈАС

Законски сте обврзани да го врзете и безбедносниот појас кога седнувате зад управувачот. Обврската за ноњење на безбедносен појас се однесува на сите лица кои се во возилото.

КОРИСТЕТЕ ТРЕПКАЧИ И ПРОВЕРЕТЕ ГИ СЛЕПИТЕ ТОЧКИ

Она што многу вознемирува е возач кој без предупредување менува ленти додека вози, или врти на раскрсници без да ги вклучи трепкачите. Возачите околу возилото сакаат да знаат што возилото пред нив сака да направи, особено кога сака да смени лента кон десно и при тоа не ја проверува ниту слепата точка. Ова е опасно и според МВР е една од честите причини за сообраќајки во изминатите 11 месеци.

Законски сте обврзани да го врзете и безбедносниот појас кога седнувате зад управувачот. Обврската за носење на безбедносен појас се однесува на сите лица кои се во возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK