Секоја сообраќајна несреќа е застрашувачка, но несреќа при која возилото ќе заврши во вода, а вие сте заробени внатре е дополнително ризична. Таквите несреќи се посебно ризични поради тоа што сте под вода. Сепак, поголемиот број на смртни случаи се како резултат на паника, недостаток на прибраност и концентрација, како и недоволното познавање што се случува со автомобилот во вода.
Затоа е важно да се знаат неколку совети при тонење на автомобилот кои можат да ви го спасат животот.
Подгответе се за удар ако сте во можност
Штом сте свесни дека автомобилот се лизга од патот и доаѓа на површина на водата, ако сте прибрани тогаш заземете подготвителна позиција. Тоа ќе го направите така што двете раце ќе ги ставите во позиција „девет и три“.
Ударот би можел да ги активира воздушните перничиња во автомобилот, па секоја друга позиција би можела да предизвика посериозни повреди. Ако рацете ви се во позиција „десет и два“, тогаш би можече да се најдат на патот на перничето и со тоа да удрат во лицетот и да го зголемат ризикот од повреди.
Откопчајте го ременот
Тоа мора да биде првата работа на која ќе помислите, а потоа се децата и отворањето на прозорецот. Откопчајте ги децата (прво најстарото кое тогаш може да им помогне на другите). Заборавете на повик на телефон, за жал вашиот автомобил нема да чека повик и многумина го губат животот обидувајќи се за се јават некаде.
Постојат многу теории околу тоа дека треба да се остане врзан. Во прилог одат и размислувањата како при влегувањето вода личноста нема да ја загуби ориентацијата и нема да се одалечи од прозорецот или вратата.
Сепак, ако треба да ја турнете вратата ременот би бил дополнителен проблем и тешкотија.
Обидете се да отворите прозорец
Веднаш што возилото влезе во вода, оставете ја вратата на мира и концентрирајте се на прозорецот. Електрониката во автомобилот би требало да биде во функција барем уште три минути. Тоа не се точно три минути туку знак дека веднаш морате да го отворите прозорцот.
Израмнување на притисокот
Драматичната ситуација во која автомобилот исполнет со вода и притисокот се израмнува. Моментот во кој морате да се движите брзо за да го осигурате својот опстанок. Потребни се од прилика минута до две за автомобилот да се исполни со вода.
Додека уште има воздух во автомобилот, дишете полека и длабокот и концентрирајте се на движењата после исполнувањето со вода. Дишете успорено и кога водата е во ниво на градите, длабоко вдишете и затнете го носот.
Што е можно побрзо до површина
Оттурнете се од автомобилот и тргнете кон површината. Ако ја загубите ориентацијата тргнете кон светлото и следете ги меурчињата. Бидете свесни за околината и внимавајте на камењата, бетонските столбови на мостовите или евентуално бродои.
Ако површината е покриена со мраз логично одберете ја дупката од ударот на автомобилот. Побарајте лекарска помош што е можно побрзо.