Совети за превенција на болки во грбот додека возите

ОБЈАВЕНО НА:

Професионалните возачи поминуваат часови зад воланот, а долготрајното седење во истата позиција може да предизвика болки во грбот и во вратот. Но, и оние на кои возењето не им е професија, но секојдневно минуваат одредено време зад воланот може да се соочат со слични проблеми.

Повеќето возила немаат добро дизајнирани седишта, односно не обезбедуваат доволно потпора на долниот дел од грбот, којшто напрегнат го носи теретот.
Затоа понекогаш е потребно да се внимава при изборот на нов автомобил да се има комфорно седиште.

Еве неколку совети за намалување на болките во грбот:

* Не го виткајте грбот, за најдобар комфор држете го грбот во форма на Ѕ, со мала празнина зад појасот.

* Не ја испуштајте брадата нанапред.

* Не ги подгрбавувајте рамената. Опуштете ги.

* Наместете го седиштето во позиција која ќе ви овозможи вашите колена и лактови да бидат лесно свиткани. Лоша идеја е колената и лактовите да бидат целосно исправени.

* Потрудете се долниот дел од грбот да ја добие целата можна поддршка прилепувајќи го задникот до наслонот од седиштето.

* Особено важно е кога излегувате од возилото тоа да го направте внимателно и со двете раце потурнете се за полесно да излезете.

* Кога влегувате во возилото, прво седнете странично, а потоа внесете ги и нозете една по една.

* Никогаш не посегнувајте по предмети наназад, особено ако предметот е тежок може да се истегнете или повредите.

* Доколку треба да досегнете нешто од задниот дел на возилото, сторете го тоа внимателно за да не го истегнете или повредите рбетот.

* Кога ќе застанате за пауза, направете неколку вежби за истегнување на телото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK