Кој рече дека Seat Ibiza не ги собира сите куфери за долгите и незаборавни патувања? Токму шпанскиот производител објави неколку совети за подобро и поефикасно пакување со цел во ограничениот простор на вашето возило да ги собере сите куфери и останати работи неопходни за патувањата.
Презентирани од Мари Кондо, јапонска авторка на книга за уредноста како животна филозофија смета дека т.н. KonMari методот овозможува најефикасно пакување. За таа цел во продолжение ви ги претставуваме нејзините пет клучни совети.
Помалку е повеќе. Прв чекор во подготовката за одмор е доброто селектирање на неопходни работи. Пред тргнувањето на патување, најголем проблем претставува одлуката што треба да се земе со себе, а што да се остави дома. Затоа прв чекор е да се селектираат неопходните работи. При тоа треба да се земе онолку колку што ќе се искористи. Треба да избегнувате работи кои нема да ги користите на патувањето.
Сортирање. Селектираните работи треба да ги поделите за подобра организација. За таа цел треба да направите сортирање по категории како што се облека, прибор за лична хигиена, детски играчки ислично. Ова овозможува полесно и попрегледно да се спакувате.
Облека. Облеката знае да биде најголем проблем, пред се при пакувањето во куферите. Советот на Мари Кондо вели дека облеката треба да ја роловате па потоа да ја сместите во куфер.
Искористување на просторот. Просторот постои за да се искористува. Не дозволувајте ништо да имате на подот или на место чија намена не е складирањето. Не случајно инжинерите при дизајнирањето на внатрешноста големо внимание обрнуваат за просторноста. За пијалоците, влажните марамици, мобилните уреди има предвидено простор и истите складирајте токму во тие специјализирани прегради.
Гепек. Пред да започнете со сместувањето на работите во гепек, проверите дали преградата е спуштена. Многу нови автомобили во гепек имаат дополнителна преграта која доколку се отстрани обезбедува повеќе простор за манипулација. При сместувањето на багажот, најбитните работи сместете ги први додека најтешките последни.