Трикови како да останете будни во текот на долгите возења

ОБЈАВЕНО НА:

Дали сте знаеле дека годишно се случуваат околу 1500 смртни случаи, 71.000 повреди и 12,5 милиони долари штета предизвикани од преморени возачи? Многумина од вас ќе речат дека е најдобро да не возите доколку сте преморни, но што доколку вашата работа е со возење на долги патеки и едноставно морате да возите.

Затоа е добро да знаете неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат да останете будни во текот на целото возење.

  1. ВРЕМЕ Е ЗА КАФЕ

Mercedes разви систем кој се нарекува Attention Assist и истиот на самиот почеток на патувањето прави профил на возење, како и остапување од тој профил подоцна во текот на возењето. Ако е забележана некаква промена тогаш ќе трепка лед светилката со симбол за шоља кафе која предупредува за време за одмор.
Ако го немате овој систем, едноставно на секој два часа застанете и одморете се…Ако треба и почесто

  1. КАМИОНЏИСКИ ТРИК

Потребно е во текот на возењето да држите нешто вредно во левата рака. На пример тоа може да биде паметен телефон, паричник… а притоа раката да ја ставите низ прозорецот. Велат дека ќе се концентрирате цврсто на држење на таа работа така што ќе спречите телото да одлута некаде. Покрај тоа свежиот воздух и звуците кои се слушаат од движењето дополнително ќе ве стимулираат да останете будни.

  1. ПИЈТЕ НЕШТО СО ПОГОЛЕМА ДОЗА НА КОФЕИН

Под ова не се мисли на кафе. Тоа треба да се избегнува бидејчи никогаш не се знае колку кофеин содржи во себе. Затоа во разните високо-енергетски пијалоци тоа е сосема јасно одредено.

  1. ПРОШЕТАЈ, ПОТРЧАЈ, ИЗМИЈ СЕ..

Еден од триковите кој купува време е едноставно да застанете и да прошетате околу автомобилот и тоа неколку минути. Свежиот воздух ќе ве освежи, но и крвта ќе биде збогатена со кислород, па побрзо ќе струи во вашето тело. Ако малку се истрчате, срцето ќе почне побрзо да чука и ќе добиете уште некоја минута.

Не е исклучено и малку да се замиете како што правите и наутро кога ќе се разбудите за да ја разбиете поспаноста.

Не е сеедно да возите неколку часа, па затоа доколку ги послушате нашите совети ќе можете да влијаете на смалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK