Совети за безгрижни патувања

ОБЈАВЕНО НА:

Летoто сѐ уште трае тоа е период најчесто и најдолго патуваме. Секако, тоа е периодот кога го поминуваме долго очекуваниот летен одмор. За жал одморите не секогаш може да поминат онака како што сме очекувале, а причините за тоа може да бидат најразлични. А сега кога веќе есента чука на вратата сите ги користат последните сончеви зраци и секој слободен ден се користи за бегање покрај вода или планина, да се наполнат батериите.

Септември е месец кога исто така многумина заминуваат на одмор за да ги избегнат гужвите на плажите. Секој продолжен викенд, или слободен ден може да се направи и во краток одмор. Со цел се да тече по планот и да имате безгрижни патувања, во продолжение ви претставуваме неколку совети за безгрижни и сигурни патувања.

СОВЕТИ ЗА ПРЕД ПАТУВАЊЕ

– Пред патување, особено на долго, потребно е да ја проверите исправноста на вашето возило (светлосните уреди, нивото на масло во моторот, состојбата на гумите, течноста за стакла, течноста за разладување, состојбата на бришачите итн.)
– Избегнувајте поаѓање на патување за време на најголемите гужви (пр. пред продолжените викенди, во петок, сабота наутро итн.)
– Поради избегнување на жештините во летниот период патувајте рано наутро
– Перд патување информирајте се за временските прилики како и состојбата на патиштата. Информирајте се и за алтернативните патишта до вашата дестинација.
– Избегнувајте да патувате по завршување на работното време

СОВЕТИ ЗА НА ПАТ

– Не конзумирајте алкохолни пијалоци пред и за време на возење
– Користите сигурносни појаси
– Погрижете се за адекватно сместување на децата во возилото
– Доколку возите мопед или мотоцикли користете заштитни кациги
– Брзината на возење прилагодувајте ја на состојбата на патиштата, а при тоа почитувајте ги ограничувањата
– При возење во колона одржувајте доволна раздалеченост
– Не застанувајте на автопат освен на зони предвидено за тоа
– Доколку престигнувате возила на автопат, задолжително вклучете ја соодветната светлосната сигнализација
– Придржувајте се на хоризонталната и вертикалната сигнализација и задолжително почитувајте ги наредбите на полициските службеници
– Никогаш не влегувајте во ризични претекнувања
– Во случај на замор, слабост или нервоза задолжително запрете го вашето возило и одморете
– Следете ги радио програмите кои даваат информации околу сообраќајната ситуација

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK